На денешната седница Владата го именува Душко Арсовски за свој портпарол.
Покрај Арсовски, активен портпарол на Владата останува и Муамет Хоџа.
Душко Арсовски е новинар со дводецениско работно искуство. Роден е во 1977 година во Куманово. Активно зборува англиски, бугарски и српски јазик и со основно познавање на грчки и на шпански јазик.