Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев прими делегација на Сојузот на борците предводена од претседателот на главниот одбор на сојузот Никола Стојаноски, придружуван од потпретседателот на главниот одбор Борко Зафировски.
На средбата, на која присуствуваа и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, и националниот координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка Роберт Алаѓозовски, премиерот Заев истакна дека Владата останува и понатаму посветената на поддршката на Сојузот на борците во негувањето на традициите и на светлите датуми од Народно-ослободителната борба за зачувување и чествување на остварувањата од кои се роди македонската државност.
Премиерот Заев истакна дека во таа насока Владата ќе ги поддржи сите активности на Сојузот на борците кои идната година со серија свечености ќе го одбележат големиот јубилеј – 80 години од народното востание.