Прекини во снабдувањето со електрична енергија утре ќе имаат граѓаните во делови од општината Кисела Вода. ЕВН информира дека во периодот од 08:30 часот до 14 часот без струја ќе останат корисниците на улицата „Христо Татарчев” со подулиците 2, 4, 6 во близина на новиот кружен тек на булевар Србија, а од 09 до 15 часот, потрошувачите од населбата Драчево на улицата Малешевска – 1.