Ракометарите во шпанската АСОБАЛ-лига се заканиле дека ќе ги бојкотираат натпреаврите, ако услов за да се игра е да носат маски, како што тоа беше случај на пресметката помеѓу Адемар Леон и БМ Синфин. Сите спортски работници, ракометари, тренери… во Шпанија, па и во европскиот ракомет останаа вчудоневидени од лудоста да се игра со маски. Сега на потег е раководството на АСОБАЛ-лигата е да пресече и вакви идеи повеќе да не се случуваат.
-Тоа беше тотално лудило. Па играчите не можеа да дишат во последните минути. На некои дури им беше и лошо. Тој што ја донел ваквата одлука е – идиот, коментираат многу бивши ракометари и стручњаци.