Владата ги следи сите параметри во делот на БДП, на задолжувањето, во делот на приходите на државата и севкупните движења и тенденции, и нашите проекции се дека очекиваме пад на економијата од 4,4 проценти, изјави денеска премиерот Зоран Заев комнентирајќи ги најновите прогнози на ММФ, кои предвидуваат намалување на бруто домашниот производ на земјата за оваа година од 5,4 отсто.
Заев нагласи дека првичните превидувања на Владата биле за пад на БДП до пет проценти, но сега се намалени на 4,4 отсто, заради тоа што се очекува антикризните мерки да го покријат тој пад од 0,6 процентни поени.
– Затоа пуштивме пари, затоа е четвртиоат пакет на мерки и верувам дека ќе успееме во тоа. ММФ сега на квартално ги дава своите анализи и очекуваме да прават и нови проценки. Верувам дека ние имаме порелевантни податоци, ги следиме приходите на државата и производството. Верувам, според она што го следам, дека ќе бидеме една од државите со најмал негативен импакт, ако не и со најмал негативен импакт од корона кризата во регионот. Секогаш се бороиме да се споредиме во успешноста во политиките и верувам дека ќе успееме, истакна Заев.
ММФ во својата октомвриската прогноза предвидува економијата на земјава во текот на оваа година ќе забележи пад од 5,4 отсто како резултат на последиците од пандемијата од Ковид-19, по што во текот на 2021 година ќе следи раст на БДП од 5,5 проценти. Со новото предвидување се ревидира прогнозата на ММФ од април годинава, кога Фондот предвидуваше пад на македонскиот БДП за 2020 од четири отсто. Според ММФ, тенденцијата на раст на економијата во земјава ќе продолжи и во следните години и во 2025 година ќе изнесува 3,5 проценти.
Во однос на трансформацијата на Поштата, Заев оцени дека многу институции во државата покажале оти мора континуирано да им се дотираат државни пари на месечно или квартално ниво, затоа што не можат „да се борат на пазарот” и се зрели за јавно-приватно партнерство или за приватизација.
– Земјите со кои се натправаруваме се со приватни пошти или со пошти со доминантно приватен капитал. Верувам дека ќе направиме некое успешно менаџирање со Словенија, Австрија, Германија, Полска… за да имаме перспективи за „Македонски пошти”. Целта е да имаме квалитетен поштенски собраќај и услуги за граѓаните, додаде Заев.
Тоја нагласи дека ваквите трансформации не значат дека некој ќе изнесува нешто надвор од државата, бидејќи тие фирми остануваат и ќе работат тука, додавајќи дека такви идеи има за повеќе компании, како ТЕЦ „Неготино”, „Македонски Железници – Транспорт”, „Еврокомпзит”, „Колска” од Велес.
– Јавното-приватно партнерство ќе биде една од преокупациите на Владата во делот на креирањето на сите економски политики во следниот перирод, заради обидот да ги максимализираме сите ефекти за рестарт, односно за еконоски раст и развој, што верувам ќе биде пример во следните четири години, истакна Заев одговарајќи на новинарски прашања на отворањето на новиот производствен капацитет на „НЈСК Холдинг” во индустриската зона „Ќојлија”.