Аријанит Хоџа од БЕСА кој воедно е и министер за земјоделство, вечерва беше гостин во „Клик Плус“ на ТВ21. Дебатиравме на различни теми, за Владата, за Собранието…
Хоџа напомена дека не ја исклучува можноста заедно со лидерот на ДПА, Мендух Тачи да формираат парламентарна група која ќе делува во Собранието.
Претходно Хоџа во текот на дебатата истакна дека од неговата партија немат ништо против Алтернатива да биде дел од Владата, но за такво нешто треба да одлучи премиерот Зоран Заев.
Покрај Хоџа, гости во ТВ21 беа анилитичарите Алберт Муслиу и Насер Селмани.