Научното списание „Nature” го поддржа кандидатот на демократите за претседател на САД Џо Бајден, осудувајќи ги изјавите на претседателот Доналд Трамп за низа прашања, вклучувајќи го и неговиот „катастрофален” одговор на пандемијата на коронавирусот.
Магазинот соопшти дека е „незамисливо” Трамп да се повлече од Светската здравствена организација (СЗО) среде пандемија, истовремено критикувајќи ја неговата „премолчена” поддршка за белите националисти во САД.
Понатаму, списанието е на мислење дека пристапот на Трамп „ги забрзува климатските промени”.
Од друга страна, истакна магазинот, Бајден ја поддржува науката, соработува со ривалите и може да ја поправи штетата направена на меѓународните односи на САД.
„Ниту еден американски претседател во поновата историја не нападна толку неуморно и поткопа толку многу вредни институции, од научни агенции до медиуми, судови, Министерството за правда – па дури и изборниот систем”, пишува списанието за Трамп.
Објаснувајќи ја својата позиција, тие наведуваат дека „едно од најопасните наследства на оваа администрација ќе биде срамното мешање во здравствените и научните агенции”.
Тој потег е најнов во низата говори против Трамп пред изборите на 3 ноември од инаку непристрасни институции.
Scietific American, за прв пат во својата 175-годишна историја, исто така го поддржа Бајден, а „The New England Journal of Medicine” го осуди Трамп, но не поддржа експлицитно ниту еден кандидат.