Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (14.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на општина Бутел изречени се вкупно 143 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 32 лица, 27 технички неисправни и нерегистрирани возила, санкционирани се седум мотоциклисти… Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот