Секоја генерација си има своја борба, секое време си има свои херои, напишал на 11-октомври по повод Денот на востанието на Македонија, а во контекст на ауктелната борба на лекарите во Kовид 19 кризата, младиот пулмолог, доктор Трајче Нешковски, кој вчера почина во тешка сообраќајна несреќа која се случи на улицата Франклин Рузвелт во Скопје.
https://www.facebook.com/tneskovski/posts/10220473690325532
Нешковски доживеал срце удар додека го управувал авојот автомобил „Цитроен“, па удрил во друг автомобил и потоа во дрво. Со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во „Мајка Тереза“ каде докторите час и половина се обидувале да го реанимираат.
Нешковски во минатото извршуваше високи партиски функции во владејачката СДСМ.