Компанијата Pacific Gas & Electric почна да ја исклучува електричната енергија на повеќе од 50.000 домаќинства во Северна Калифорнија поради опасност од нови пожари.
Сувите ветровити услови ја обновија опасноста од пожари во сезоната што веќе беше обележана со смртоносната огнена стихија.
Компанијата објави дека почнала да го намалува напојувањето за 33.000 корисници, а околу 20.000 треба да следат за неколку часа, пренесува АП.
Со исклучувањата ќе бидат опфатени делови од скоро две десетини од окрузите, претежно во областа Сиера и заливот Сан Франциско и може да траат 48 часа.
Превентивни прекини на електрична енергија се стратегија насочена кон спречување на пожари предизвикани од електрични водови кои се оштетени или уништени среде силен ветер. Опремата ПГ & Е предизвика неколку масовни пожари што уништија десетици илјади домови и предизвикаа смрт на повеќе од 100 луѓе од 2017 година.
„Ова се времиња на предизвик. Не само што сме на врвот на сезоната на пожари, туку многумина од нас работат од дома, се школуваат од дома. Разбираме дека тешкотиите се јавуваат кога ќе ја исклучиме електричната енергија”, рече Марк Квинлан, одговорен за инциденти во ПГ & Е додавајќи дека тоа е крајната опција.