Познатиот Black sheep џемпер на принцезата Дијана повторно се креира

Дијана, принцезата од Велс имаше способност да осмисли незаборавна гардероба, многу нејзини изгледи влегоа во историјата на модата. Иконскиот, карактерен џемпер со овци е само еден од нив, пишуваат британските весници, алудирајќи на таканаречениот Black sheep џемпер со осамена црна овца во стадо бели.

Принцезата Дијана го носеше џемперот во 80-тите, а многумина шпекулираа дека осамената црна овца од предната страна означува дека Лејди Ди се чувствува како аутсајдер во кралското семејство.

Оригиналното парче облека што го носеше Лејди Дијана Спенсер во време на објавувањето на веридбата со принцот Чарлс, моментално е изложено во музејот V&A, како дел од трајна колекција, но американскиот моден бренд Rowing Blazers објавува соопштение за сите заинтересирани да изберат величина која им одговара и да станат нова генерација што ќе носи и поседува ваква облека.

 

Rowing Blazers ги оживеаа архивските дизајни со благослов на брендовите што стојат зад оригиналите – популарниот џемпер со овци на Warm & Wonderful и џемперот „Јас сум луксуз“ на Gyles and Georgе („Гајлс и Џорџ“) – што ги носеше Дијана во 80-тите. Сарторијалните следбеници на Дијана ќе ја паметат принцезата облечена во розовиот  џемпер со слоган: „Јас сум луксуз“ од предната страна и „малкумина можат да си дозволат“ од задната страна – неверојатен гест, пишуваат британските весници.

Треба да знаете
Последни објави