На проблемот со Бугарија се работи и наскоро очекувам да ја посетам Софија, пред Берлинскиот процес, каде јас и бугарскиот премиер Бојко Борисов сме домаќини во име на Северна Македонија и Бугарија, истакна денеска претседателот на Владата, Зоран Заев.
– Сакам да ја посетам Бугарја и не го кријам тоа што е моја желба, првата моја официјална посета од соседните земји да биде Република Бугарија заради пријателството, заради тоа што првиот мандат почна така и веруваам дека големи успеси на државата се прокнижија во целиот овој период и верувам дека тоа ќе се случи, истакна Заевкој заедно со заедно со директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, Александар Младеновски извршија увид на изведувањето градежни активности во ТИРЗ Скопје 2 во Бунарџик.
Премиерот пред новинарите рече дека кога ќе има излезни решенија со Бугарија веднаш ќе бидат соопштени.