Француските здравствени работници протестираа денеска против исцрпувачките услови за работа за време на пандемијата на коронавирусот и побараа од Владата да ангажира повеќе работници.
Во Ница, лекарите и медицинските сестри се собраа пред поштата за да испратат разгледници со детални поплаки до претседателот Емануел Макрон, на еден од протестите на целата територија планирани од синдикатите.
Додека маршираа по улиците, здравствените работници побараа крај на затворањето на болниците, повеќе служби за итни случаи и домови за стари лица, како и подобра плата.
Во директна порака до Макрон, кој вчера најави полициски ноќен час во жариштата на вирусот, демонстрантите на транспарент напишаа: „Вработете уште. Обучете уште. Исцрпени сме”.
Здравствените работници се очекува да протестираат во текот на денот и во Париз, Нант и неколку други локации.
Синдикатите соопштија дека нема да има поголеми нарушувања во работењето на болниците.