– Наставничката нè информираше дека првин родителот на ученикот бил тестиран во петокот, пред продолжениот викенд, покажан е позитивен резултат, потоа, за време на викендот се појавиле благи симптоми кај ученикот, било извршено тестирање, резултатот стигнал ден подоцна и се покажал позитивен. Во координација со Центарот за јавно здравје Куманово, известени сме дека превентивно, одделенскиот наставник и учениците од тоа одделение ќе мора да заминат во изолација. Наставата ќе ја продолжат онлајн-изјави директорот на „Крсте Мисирков”, Александар Јовановиќ.
Во ова одделение настава следеле 30 ученици, поделени во две групи по 15 првоодделенчиња. Наставата се следела со соодветни мерки, меѓу учениците имало и плексиглас паравани, но, превентивно по насоките на епидемиолозите и двете групи и наставничката морале да заминат во изолација од денеска.
– Би апелирал до родителите, до наставниците, до граѓаните, да внимаваме сите, учениците не се 24 часа на училиште, максимално да ги почитуваме мерките, здравјето на најмалите е на прво место, порача Јовановиќ.