Италијанскиот шампион Јувентус подготвува вселенска понуда од околу 400 милиони евра за суперѕвездата на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе, летото 2021 година, пренесува „Тутоспорт”.
Изданието тврди дека „бијаконерите” прават се што е можно за да ги стекнат потребните средства за да можат да го донесат 21-годишниот фудбалер во Торино.
Сепак, навивачите на Јувентус, кои сонуваат за атомско дуо во нападот – Мбапе и Роналдо, можеби ќе мора да бидат малку разочарани, бидејќи се верува дека двата клуба можат да направат размена на своите најдобри играчи.
Следната година, Роналдо ќе има 36 години и ќе остане само уште една година од договорот, според кој добива 31 милиони евра годишно.
Медиумите објавија дека на почетокот на новата кампања, Мбапе сакал да го напушти ПСЖ следното лето. Се верува дека Реал Мадрид е главниот кандидат за неговиот потпис, но англискиот шампион Ливерпул исто така ја следи ситуацијата.
Францускиот напаѓач веќе има два гола и четири асистенции на само 3 натпревари во новата сезона.