Најважната антикризна мерка што може Владата да ја донесе е Венко Филипче да си даде оставка.
На Венко Филипче бројката од 535 новозаболени не му алармира дека треба да си поднесе оставка.
За Филипче ова не е ништо, вели секаде и во регионот и пошироко било исто. Филипче заборави дека сите како во регионот, така и во Европа по првиот бран некаде во мај се вратија во функција градинки, училишта, а кај нас се доцнеше. Како да се чекаше есенскиот бран за да почнат да работат градинки, училишта.
За Филипче и по оваа драконска бројка сепак му е рано за мерки, освен постоечките, следната недела ќе се разговарало за законски измени за маска на отворено и слично.
Знае ли Филипче што може да се случи за една недела ако секој ден има огромно зголемување на бројката на новозаразени во едно деноноќие.
Македонија прва во регионот по заболени и мртви.
Филипче поради својата неспособност носи на душа 815 починати лица.
Филипче, оставка веднаш!