Националната катастрофа денес зема уште поголеми размери. 535 новозаразени од #COVID, 6 починати.
Политиките на Владата удираат во ѕид. Нема резултати од нивните мерки, но има од нивното половично и селективно спроведување. Бројките на заразени покажуваат дека граѓаните се препуштени сами на себе. Ако некој се надева на поддршка од оваа Влада фрлена на крадење, треба да знае дека нема да ја добие.
Во денот кога над петстотини луѓе се новозаразени, вест е дека Владата на премиерот Зоран Заев си доделила концесија на компанијата на својот брат и братучед, и дека европските пари за проекти завршиле кај брат на пратеник од власта.
Ова се вика мафија која земјава ја направија главно упориште на Ковид во Европа, рекордер по смрт, зараза и неспособност која убива. Уште колку животи ќе се изгубат за да поднесат оставки? Нивната власт за народот е смрт.
Одговорност за националната катастрофа мора да има, и ќе има!