Во последните 24 часа во Црна Гора се регистрирани 211 новозаболени од коронавирус и четири смртни случаи. Тестирани се 764 лица.
Вкупниот број на смртни случаи поврзани со Ковид-19 од почетокот на јуни е 212, а од почетокот на годината 221.
Во последните 24 часа оздравеле 154 пациенти, така што вкупниот број на активни случаи на Ковид-19 во Црна Гора е 4.096, објави Црногорскиот институт за јавно здравје
Од почетокот на годината, вкупниот број на регистрирани случаи на коронавирус е 14.672.