Во Грција денес се потврдени 453 нови случаи на коронавирус, од кои 27 биле откриени на влезот во земјата. Во последните 24 часа починаа уште 13 лица, објави Националната организација за јавно здравје, пренесува АНА.
Од почетокот на епидемијата во Грција заболеле 23.947 лица, а починале 482 пациенти со просечна возраст од 79 години.
Поради големиот број пациенти, грчките власти го ставија регионот Козани под посебни мерки за карантин, кои вклучуваат забрана за јавни и приватни собири, напуштање на регионот, а рестораните, кината, музеите и други објекти се затворени.