Корупцијата во Црна Гора изеде неколку клиники за инфективни болести, што се неопходни за нашите граѓани денес, напиша мандатарот за состав на новата влада, Здравко Кривокапиќ, на својот профил на Твитер.
„Корупцијата, што, според меѓународните извештаи, достигна катастрофални размери, „изеде” десетици болници, училишта, градинки, домови за стари лица … Исто така, изеде неколку клиники за инфективни болести, кои се неопходни за нашите граѓани денес”, напиша Кривокапиќ.
Тој исто така нагласи дека „ќе стори се за Црна Гора никогаш повеќе да не влезе во таква ситуација”.
Премиерот во заминување Душко Марковиќ синоќа изјави дека владата со која тој раководи, „сторила се за да ја изгради Клиниката за инфективни болести, и обезбеди двојно поголема финансиска поддршка од планираното”, пренесува Вијести.