Македонскиот ракометен репрезентативен чувар на мрежата Никола Митревски одигра главна улога во триумфот на неговата екипа Порто против Пик Сегед (25:19) во групата А од Лигата на шампионите. Митревски бранеше во голем стил. Успеа да скроти речиси 50 отсто од упатените удари кон неговиот гол.
Играчите на Пик Сегед испратија 32 удари кон голот на Митревски, а тој одбрани 15. Една негова интервенција не ги остави рамнодушни ниту луѓето од ЕХФ.
„Негов одличен настап во Лигата на шампионите, да зборуваме за одбраната за која сите зборуваат, Играчот на натпреварот не е никој друг туку Митревски“, напишаа на Твитер од ЕХФ.
Sem palavras, Nikola Mitrevski 😱😱#FCPorto #FCPortoAndebol #Andebol #FCPortoSports #EHFCL pic.twitter.com/2erFuJRvHi
— FC Porto (@FCPorto) October 15, 2020