На 15.10.2020 во 21.45 часот, полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на судска наредба, го привеле Ф.З.(26) од Куманово за доиздржување казна затвор од две години и 11 месеци во Казнено-поправната установа Затвор Идризово.
За него била распишана потерница за осудено лице кое избегало од затвор, осудено за сторено кривично дело по член 418 и по член 131 од Кривичниот законик.