Хрватска забележа нов рекорд – бројот на новозаболени од коронавирус во последните 24 часа е 1.131, а бројот на активни случаи е 4.233, објави Главниот штаб за борба против коронавирусот. Починало едно лице.
Хрватските медиуми прeнесуваат дека 505 пациенти се наоѓаат во болница, од кои 24 се на апарати за дишење.
Од 25 февруари, кога е регистриран првиот случај во Хрватска, регистрирани се вкупно 23.665 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 345 починале, вкупно 19.087 лица оздравеле, од кои 459 во последните 24 часа.
Во моментов има 17.242 лица во самоизолација.
До денес се тестирани вкупно 385.072 лица, од кои 5.693 во последните 24 часа.