Службата за спасување ги извлече телата на 11 војници и двајца цивили кои беа живи затрупани во свлечиштето, објави националната медиумска куќа.
Полициските службеници одморале во куќата на планинската служба кога дел од ридот се одвоил и го затрупал објектот со земја, камења и дрвја, објави АП.
Само осум членови на тимот успеале да избегаат, но останатите останале затрупани.
Полициските службеници се движеле кон хидроцентралата, која прва беше погодена од поплавите во Виетнам.
Тогаш исчезнаа десетици луѓе и сè уште не може да се пристапи до местото.
Во поплавите во централен Виетнам загинаа најмалку 36 лица во изминатата недела.
Водата се повлекува, но Виетнам се подготвува за ново невреме што е најавено за сабота и недела, поради што се закануваат нови одрони.