Сообраќајот на патиштата се одвива по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Од АМСМ информираат дека на патниот правец Кичево – Охрид, поточно кај село Врбјани после планинскиот превој Пресека, во понеделник на 19 октомври поради работи на пат (минирање) во период помеѓу 12:00 и 15:00 часот сообраќајот ќе биде во прекин 10 до 15 минути.