Манчестер Јунајтед ја активираше клаузулата во договорот на Пол Погба, со која може да биде продолжен за уште 12 месеци – до летото 2022 година, според „Манчестер ивнинг њуз”.
Во принцип, договорот истече по крајот на оваа сезона, но клубот ја активираше оваа опција минатата недела. Во врска со ова, претходно денес менаџерот на „црвените ѓаволи” Оле Гунар Солскјер изјави дека Погба сигурно ќе биде дел од неговиот тим за оваа и следната сезона.
Францускиот играч за врска се врати на „Олд Трафорд” во 2013 година, откако клубот плати рекордни 105 милиони евра на Јувентус.
Неодамна, тој повторно ја сподели својата желба еден ден да се пресели во Реал Мадрид, што најверојатно ја наведе управата да ја активира клаузулата.