Хрватскиот проф. д-р Гордан Лауц рекол дека се враќа зимскиот Ковид, болест која има тешки симптоми и поголема смртност од минатите 6 месеци.
Додал дека во Хрватска поради климата не се случил толкав драстичен пораст како во другите земји во ЕУ.
„Сите параметри кои кои на лето ни помагаа да не се заразиме, сега повеќе не се тука/ Се појави и проблем со греењето кој многу го суши воздухот. Н е едобро и ќе биде уште полошо во следните месеци“, рекол Лауц.
„До лето верувавме дека овој вирус не е аеросолен, а сега се покажа дека е. Не е доволно да се вдише еден вриус, потребно е да се вдише голема количина на вируси за да се заразиме. Затоа е важно проветрувањето на протостор, избегнувањето на близок контакт“, рекол Лауц.
Истакнал дека поголем број од луѓето вирусот ќе го поминат без големи симптоми и нема да умрат, но со оглед на тоа дека вирусот е многу заразен, можно е и голем број луѓе да имаат потешки симптоми, а може да се случи и да нема капацитет за нивно лекување.
На прашањето дали едно лице може да се зарази два пати, Лауц рекол дека тоа е нешто што се случува, но според достапните податоци тоа е исклучок, а не правило.
„Откако ќе оздравите, некое време сте заштитени. Кој закрепнал преку лето, многу веројатно е дека нема да добие тежок облик на болеста оваа зима, адали ќе биде заштитен следната година, тоа не знаеме“, рекол тој.