Барселона за 70 милиони продава играч чија откупна клаузула изнесува една милијарда евра

Супер-менаџерот Жорге Мендеш не е задоволен каков статус во Барселона има неговиот клиент Ансу Фати. 19. годишникот од почетокот на сезоната, најчесто е резерва. Досега одигра 16 натпревари, постигна три гола и забележа исто толку асистенции.

Мендеш, пред почетокот на Светското првенство во катар, ја известил Барселона, дека доколку не се подобри статусот на Фати, тогаш тој ќе бара трансфер во некој друг клуб, тврди новинарот Алфредо Мартинез.

Неговиот колега, Маркал Љоренте, кој работи за неколку локални медиуми, тврди дека Барселона е подготвена да го продаде Фати веќе во овој преоден рок. На Барселона и требаат пари за балансирање на сметководствените книги, а Фати кога веќе е незадоволен делува како идеален трансфер.

Фати има договор до 2027 година со откупна клаузула од 1 милијарда евра, но клубот бил подготвен да го продаде за 70 милиони евра.

Ансу Фати го имаше своето деби за Барселона во 2019 година како 16. годишник и беше најавен како наследник на Лионел Меси. Токму тој ја доби „десетката“ кога Аргентинецот го напушти клубот.

Сепак, дека неговиот развој беше ограничен поради повредите кои го држеа надвор од тимот одреден период, а откако ја залечи повредата на коленото, се најде зад Усман Дембеле и Рафиња во ротацијата на Чави.

Треба да знаете
Последни објави