Со самостојна изложба на фотографии пред тетовската публика се претстави Глигор Кондовски, професор по виолина, филсмки работник и фотограф. Изложбата е насловена „На сцена”, а дваесетината дела се изложени во Музејот на тетовскиот крај.
-Неговите чекори одамна се длабоко навлезени во порите на несовршеното поле а тоа е уметноста. Со порив на хедоснист со чиста душа, господар на амбиенталниот звук и на виолината и вечно инспириран од мајстории на Тарковски,Кондовски свесно низ својот домен на креативен интерес прави една природна состојба односно еден суптилен амалгам врз насвидум различности и спој на навидум неоспоивото. Ако првата љубов за него е музиката, а втората филмот, а филмот како форма претставува слика во движење тогаш оваа негова приказна која ни ја претставува е идеално соединување на различните уметнички перцепции во една целина, истакна на отворањето ликовениот уметник и рецензент на изложбата, Славчо Максимовски.
Изложбата е збир на сценски фотографии кои може да се погледат во работните денови на Музејот од 8 до 13 часот.