Главното наоѓалиште на природен гас коешто Турција го откри летото во Црното Море е поголемо отколку што првично се проценуваше, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Во август беше објавено дека е откриено најголемото наоѓалиште на природен гас во историјата на Турција на гасното подводно поле TUNA-1 на наоѓалиштето Сакарија, чии резерви беа проценети на 320 милијарди кубини метри.
„Таму има дополнителни 85 милијари кубни метри, така што резервите од природен гас сега изнесуваат вкупно 405 милијарди кубни метри“, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на бродот за дупчења „Fatih“ (Освојувач) кој плови во Црното Море. Потврди дека снабдувањето на турските домаќинства со гасот од ова наоѓалиште ќе започне во 2023 година.
Паралелно со истражувањата во Црното Море, Турција ги засили и своите истражувања во источниот дел од Средоземното Море.