Солскјер по 4:1 над Њукасл: Сезоната за Јунајтед штотуку започнува

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер беше расположен по убедливиот триумф над Њукасл со 4-1 на гостувањето кај „црвените ѓаволи” од програмата од петтото коло во Премиер лигата.

Норвежанецот ги пофали своите играчи за карактерот и лично го награди Хари Мегваер.

– Одличен резултат, постигнат со пресврт. Момчињата се чувствуваат одлично, со нетрпение го очекуваат следниот натпревар. Денес направив некои ротации и оние што излегоа на теренот го направија она што беше потребно. Мегваер постигна гол и даде пример за сите. Среќен сум за него. Тој имаше комплициран период. Сезоната за нас започнува денес, прокоментира Солскјер.

Треба да знаете
Последни објави