Во Косово во изминатите 24 часа се потврдени 137 новозаразени и само една жртва на Ковид-19, соопштија здравствените власти.
Со тоа вкупниот број досега во земјата достигна 16.891 заразен и 653 починати како последица на новиот коронавирус.
Досега во Косово се оздравени 14.666 пациенти, а активно носители се 1.572 лица.
Во текот на последното деноноќие се извршени 869 тестирања, а од почетокот на пандемијата се спроведени 80.058 ПЦР-тестови.