Заменик-министерот на Груби од Министерството за политички систем позитивен на Ковид-19

Илхан Рахман, заменик-министерот во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, со кое раководи Артан Груби од ДУИ, преку „Фејсбук“ ја извести јавноста дека е позитивен на коронавирусот.

Почитувани,
Сакам да Ве известам дека покрај сериозното почитување на мерките и протоколите за заштита од Ковид-19, после благите симптоми од покачена телесна температура резултатот на вчерашното мое тестирање е позитивен. Што покажува дека не сум успеал доволно да се заштитам. Апелирам до сите максимално и константно да се придржуваат на протоколите и мерките за заштита, порача Рахман.

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10220700551076038&set=a.4273999000575&type=3

Треба да знаете
Последни објави