Екипите на Град Скопје ја завршија реконструкцијата на улицата Лазар Личеноски кај скопското Кале.Улицата се реконструираше на потегот од СРЦ „Кале“ до крстосницата со булеварот Никола Карев, што претставува втора фаза од обновата на оваа значајна сообраќајница.
На оваа делница се изврши реконструкција на коловозот во должина од 1.300 метри, реконструкција и проширување на постојните тротоари, како и замена на оштетените рабници.
Исто така, градежните екипи деновиве ја завршија и реконструкцијата на улицата Востаничка во општината Кисела Вода, на потегот од улицата Црниче до улицата Свети Наум Охридски.
Во изминатиот период на оваа делница долга 1.100 метри беа обновени коловозот и рабниците, а беа реконструирани и тротоарите со замена на бекатон-плочките, но беа изработени и 76 нови приклучоци во водоводната мрежа за да се обезбеди континуирано и квалитетно водоснабдување.