Александар Шарац (35 г.) припадникот на криминалната група „Пинк пантер“ кој во саботата попладне беше застрелан на паркинг во ТЦ Ушче во Нов Белград од непознат сторител со два куршуми во главата и понатму се наоѓа во тешка здравствена состојба. Лекарите од Ургентниот клинички центар во Србија каде е сместен Шарац и понатму се борат за неговиот живот.
-Неговата сотојба е непроменета. Тој се наоѓа на одделот за нтензивна нега. Досега не му е направена никаква хирушка интервенција. Лекарите од итната медицинска помош успале да го реанимираат и да го префрлат до Ургентниот центар, каде се чека да се стабилизира неговата состојба за да му ги извадат двата куршуми од главата, изјавил неименуван извор за српските медиуми.
Напаѓачот знаел дека Шарац носи панцир, па затоа му се доближил од зад грб и со пиштолот кој имал пригушувач му пукал во главата.
Шарац во ТЦ Ушче дошол со својот блиндиран мерцедес.