Неименуван српски државјанин (37 г.) и негов соработник од Босна и Херцеговина (43 ) осудени се во Италија поради кражба во продавница на познат моден бренд од кој однеле стока вредна околу 200.000 евра.
Србинот добил три години и четири месеци затвор, а соучесникот од БиХ два месеци помалку од неговиот партнер во грабежот. Балканскиот двоец кражбата ја извршил на 11 ноември 2019 година во регионот на Ломбардија, а биле пронајдени и уапсени откако биле прегледани безбедносните камери кои биле поставени околу продавницата.
На снимката можата да се видат како четворица маскирани машки лица облечени во црно го кршат прозорецот и влегуваат во продавницата каде во големи вреќи собираат паричници, козметика, чанти, шалови и други предмети од рафтовите во дуќанот.
Грабежот траел точно четири минути по што лицата заминале. Карабинерите во март годинава успеале да ги уапсата Србинот и Босанецот за кои е соопштено дека ова не им бил прв грабеж во кои тие учествувале.