Рис Витерспун на прошетка со синот откако гласаше предвреме

Оскаровката Рис Витерспун беше забележана како го носи пијалакот на нејзиниот осумгодишен син Тенеси Џејмс додека тој го вози својот скутер во квартот Брентвуд во Лос Анџелес во неделата.

44-годишната актерка, родена во Њу Орлеанс, израсната во Нешвил, се погрижи да се заштити себеси и другите од коронавирусот, носејќи маска за лице, откако гувернерот Гевин Њусом на 18 јуни ја направи задолжителна за сите излегувања.

Слаткиот второодделенец е единственото дете на Витерспун со вториот сопруг, извршниот директор на „Квиби“ Џим Тот, со кого се омажи во 2011 година, една година по нивното запознавање на забава.

Рис (родена како Лора Џин) ги потсети своите американски фанови да излезат и „да гласаат затоа што некој порано се борел за нивното право на глас“.

Коосновачката на „Хело саншајн“ – која може да се пофали со 34,7 милиони следачи на социјалните мрежи – објави минатиот петок дека гласала предвреме, откако претходно во август навести дека ќе гласа за Џо Бајден за претседател.

Треба да знаете
Последни објави