Во Србија во последните 24 часа евидентирани се 122 нови случаи на заразени лица од кронавирусот. Ова е значителен пад на бројките на инфицирани во однос на претходните денови која имаше повеќе од 200 заразени лица.
Тестирани биле 5.746 лица. Починале двајца пациенти. Според последните информации од Министерството за здравство и Институтот „Батут“ на репираторни машини во болниците ширум Србија има приклучени 24 пациенти.
Во Србија од почетокот на пандемијата до сега од коронавирусот има аболено вкупно 36.282 лица, починати се 778, а тестирано се 1.241.864 пациенти.