Шпанскиот фудбалски гигант Барселона пред стартот на секога нова сезона во елитното клупско натпреаврување Лигата на шампионите редовно се вбројува мешу фаворитите за осовојување на европската титула. Но, пред утрешниот старт Барселона не е во групата на фаворити, а тоа го призна и новит тренер Роналд Куман, чо чие пристигнување на „Камп Ноу“ летово се случија рокади во тимот. Им беше дозволено да си заминат Луис Суарез, Иван Ракитиќ и Артуро Видал, а со еден од најдобрите играчи на денешницата Лионел Меси, раковдството долго „војуваше“ и го задржа во своите редови.
– Во домашните натпреварувања и во Европа има многу силни противници и морате да си ја докажете вредноста. После она што се случи во клубот изминатото лето, ние не сме фаворити, но можеме да стигнеме далеку, изјави холандскиот стручњак Куман на прес-конференецијата пред дуелот со Ференцварош во ЛШ.