Доктор Никола Пановски во своето гостување во ТВ Сител рече дека есенскиот бран на ковид-19 кај нас започнал малку порано од предвиденото, а како причина ги наведе бројните собиранки.
-Кај нас почна малку порано есенскиот бран бидејќи времето беше релативно топло. Ова се случаи кои се пред една недела, а веќе две недели имаме голем број на случаи. Прерано почна заради тие собирања, официјално лице кажа дека имало 1.000 свадби во Скопје, плус и концертите. Летоска луѓето беа надвор одеа по плажи, корзата беа полни, не носеа маски немаше никаква експлозија од корона. Јасно е каде е главниот пренос на ковид- во јавниот превоз и децата одат во школо ги носат во градинка, не можам да верувам дека нема мерка за 50 проценти во автобусите и од 50 луѓе барем тројца не носат маска, вели Пановски.
Тој вели дека мерките до сега се одлични, треба да се носи маска и тоа е научно докажано и исправно.
– На СЗО и требаше да ги прифати мерките дури во јуни што е голем скандал. Преку аеросоли е главното ширење на болеста, во комбиња, автобуси, затворен простор, на работа 90 отсто кога се оди на пушење цигари и на тој начин се шири болеста, посочи Пановски.