Дури девет европски земји немаат ниту еден километар автопат. На оваа неславна листа очекувано се наоѓаат Андора, Малта и Лихтенштајн. Листата ја надополнуваат уште и Ерменија, Исланд, Латвија, Литванија, Молдавија и Црна Гора, пишува „24Ауто.мк“.
Најмалку километри автопат или 99 има Азербејџан, а потоа следи Естонија со 115 километри, Грузија со 129 километри, Луксембург со 152 километри, Украина со 199 километри и Босна и Херцеговина со 205 километри. Во земјите со најмала должина на автопатите се вбројува и Македонија во која има 242 километри.
Од друга страна убедливо најдолги автопати има во Шпанија и тоа 17.109 километри по што следи Германија со 12.917 километри. Над 10 илјади километри има уште и Франција и тоа 11.882 километри.
Од земјите од регионот најмногу автопати има во Грција чија должина изнесува 2.311 километри, а потоа следи Турција со 2.170 километри. Во Хрватска должината на автопатиштата изнесува 1.318 километри, во Србија 908, во Бугарија 812 додека во Албанија 323 километри.