Дискусија за нови информациско комуникациски алатки во Европско општествено истражување во услови на пандемија

– Како дел од активностите на Регионалната мрежа на Европското општествено истражување за Западен Балкан, денеска на платформата ZOOM ќе се одржи дискусија на тема „Предизвици за научните истражувања во услови на пандемија: нови информациско комуникациски алатки во Европско општествено  истражување”.

Република Северна Македонија во 2021 година се приклучува во 10-тиот бран на Европското општествено истражување / European social survey (https://www.europeansocialsurvey.org/) со што оваа сеопфатна компаративна анкета за првпат ќе се спроведе и во нашата земја. Истражувањето ќе го спроведе Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања (ИСППИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”- Скопје, а собраните податоци ќе бидат достапни под отворен пристап за сите истражувачи од општествените науки, државните институции, медиумите и пошироката јавност.

Во дискусијата ќе учествуваат претставници на академски научни институции и истражувачки институции од невладиниот сектор.

Настанот е финансиран од програмата Хоризонт 2020 на Европската комисија.

Треба да знаете
Последни објави