ВМРО-ДПМНЕ до толку е навлезена во матрицата на лажни вести, што нивната денешна прес-конференција е рекордна по бројот на изнесени лаги.
Прво, лага е дека Маринела Тушева била претседател на управниот одбор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, вистината е дека таа била член на Управниот одбор една година, во периодот 2017-2018 година и тоа како претставник на Министерството за образование каде и била вработена.
Посочената Јулијана Саздова не е дел од проектот, a посочениот Нако Ташков не е вујко на Тушева, како што лажно тврди портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
Во однос на лагите од белиот дворец околу проектот, вистината е дека проектот е одобрен, дека за тоа се информирани Наставничкиот совет и Училишниот одбор. Не се завршени сите процедури околу проектот, не е потпишан договор за негова реализација и затоа се уште и не се префрлени средства од Националната агенција.
Проектот кој во партнерство со организација од Кипар им овозможува на ученици од средното училиште од Штип пракса во хотели на Кипар е одобрен пред дваесеттина денови, така што целосно отпаѓа конструкцијата на ВМРО-ДПМНЕ за наводно влијание на Тушева.
Во недостиг на идеи, во недостиг од поддршка од граѓаните и во голем очај од поразот на изборите, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да го прави она што единствено го знае – да шири лажни вести и да конструира непостоечки случаи со крајна цел на лична дисквалификација на политички противници.
Токму заради таквото незрело и деструктивно дејствување, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски три пати по ред губат на избори. Токму поради таквото однесување тие се во опозиција и уште долго остануваат таму.