САД соопштија дека се подготвени за итен состанок со Русија за финализирање на договорот за контрола на нуклеарното оружје.
– Ја цениме желбата на Руската Федерација да направи напредок во однос на прашањето за контрола на нуклеарното оружје, изјави портпаролката на Стејт департментот Морган Ортегас.
Таа изрази надеж дека Русија ќе им ги даде потребните овластувања на своите дипломати за постигнување кредибилен договор.