Великаните на англискиот фудбал, Ливерпул и Манчестер јунајтед, веќе водат конкретни разговори за приклучување кон т.н. Европската премиер лига, тврди „Скај Спортс”.
Проектот има поддршка од ФИФА и веќе обезбедува финансирање од 6 милијарди долари.
Вкупно, тимовите што преговараат да се приклучат на формата се над десетина и тие се претставници на најдобрите пет шампионати во Европа. Најверојатно ќе има пет клубови од Премиер лигата. Арсенал, Челси, Манчестер сити и Тотенхем се останатите кандидати за оваа лига.
Суперлигата ќе ја сочинуваат вкупно 18 екипи од Англија, Шпанија, Италија, Германија и Франција.
Планот е новиот турнир да започне во 2022 година.