Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов порача за да се добие битката со загаденоста на воздухот треба паралелно водење борба на повеќе фронтови, при вечерашното гостување на ТВ Телма во емисијата Топ тема.
-Имавме едно искуство во кое возевме со 50 отсто од капацитетите на јавниот превоз па потоа комисијата го смени протоколот и го зголеми на 75 проценти. Онаму каде што имаме проблем се појачуваат тие линии за да се избегне поголема гужва. ЈСП е претпријатие кое и покрај скромните материјални можности досега од буџет на Скопје е потпомогнат со 570 милиони денари, а досега бројот на патници е намален за 67 проценти во однос на октомври 2019 година.
Контролорите на ЈСП немаат механизам да предупредат човек кој не носи маска внатре во автобусот го исфрлат надвор бидејќи тој има платено карта. Со МВР правиме координирана акција за луѓето да знаат дека пред се кога се внатре во автобусот мора да носат маска. Граѓаните мора да сфатат дека носењето на маска е обврска веќе и да ја почитуваат сите.За борбата против загаденоста не е некоја која може да и најдете чаре. Таа е борба која се одвива на многу фронтови и да се одвива паралелно за да може да ја добиете битката, а тоа е намалување на бројот на загадени денови. Она што ми дава надеж е дека бројот на загадени денови во Скопје се намалува. Од кога сум градоначалник воведовме 27 мерки кои навидум не се атрактивни но даваат резултат. Од палењето на огнови на отворено, од субвенционирање на чистење на оџаци, инвертер клими, еколошките автобуси, истакна Шилегов.