Од извори на Владата дознаваме дека нов советник за надворешна политика во кабинетот на премиерот Зоран Заев ќе биде Едмонд Адеми, кој на оваа позиција ќе стапи за неколку недели, откако досегашниот советник Дане Талески ќе отпатува во Брисел на својата нова функција амбасадор на Северна Македонија во НАТО.
Адеми е поранешен министер за дијаспора, долгогодишен член на СДСМ и претседател на партиската комисија за надворешни работи.