Лидерите на ЕУ ќе одржат самит за кронавирусот на 29 октомври

Лидерите на Европската Унија на 29 октомври ќе одржат видеосамит посветен на епидемијата на коронавирусот, изјавиле за AФП извори oд ЕУ.

Како што е наведено, на последниот самит на 15 и 16 октомври било договорено редовно да се разгледува прашањето за епидемијата во пресрет на воведувањето мерки за сузбивање на ширењето на инфекцијата.

Ирска денес стана првата земја во Европа што повторно воведе карантин за целото население, а ограничувачки мерки веќе се воведени и во Италија, Франција, Белгија и во Шпанија.

Според последните податоци на агенцијата „Франс прес“, најмалку 1.126.471 лице починале од Ковид-19 во светски рамки, а повеќе од 40.856.210 лица се заразиле.

Во Европа починале повеќе од 254.300 луѓе.

Треба да знаете
Последни објави