Значаен пораст на увозот на возила е остварен во септември годинава, покажуваат официјалните податоци објавени од страна на Царинската управа на Република Македонија, пишува „24Ауто.мк.“
И покрај овие „добри“ бројки сепак тоа е далеку од минатогодишните, и според сегашното темпо на крајот од годината вкупната продажба ќе има пад од околу 50 отсто.
Во поглед на увозот на патнички автомобили остварен е рекорден увоз во поглед на останатите месеци оваа година. Увезени се вкупно 3.115 патнички автомобили од кои 456 нови, а 2.659 половни.
Споредбено со останатите месеци, септември е месец со најмногу увезени половни автомобили и трет месец со најмногу увезени нови по февруари и јули.
Вкупно до крајот на третиот квартал во 2020 година увезени се 3.757 нови и 15.312 половни автомобили односно 21.319 патнички автомобили, товарни моторни возила, автобуси и минибуси заедно.