Лидерот на Гром, Стевчо Јакимовски преку Фејсбук му одговори на бугарскиот министер за одбрана, Красимир Каракачанов, кој рече дека ќе испрати полк во Македонија да ги отстранат сите споменици кои не одговараат на историската вистина.
-Кога ти е толку мерак да рушиш таму кај што твоите предци „какале“ дојди на чело на полкот. Ќе дојдеш ама пази да не поминеш како командантот на главнината на 52-та бугарска дивизија после битката кај Чупино брдо. Моите соселани го виделе како во галоп јури преку Живкова рупа. Не галопирал од бес туку од зорт. Зошто Михајло Апостолски ги направил салата и нему како командат не му преостанало ништо друго освен да бега и тоа на белиот коњ, по што самите Бугари потоа го стрелале на Страцин, напиша меѓудругото Јакимовски.
https://www.facebook.com/stevco.jakimovski.12/posts/3341979155915894?__xts__%5B0%5D=68.ARAe6M-Sl4CwgEejoN6JXLtvWyuYucImB6bC4lMypFCtZySV9lCklipSGV2-T3nvkH9jIaGkQI7dYTiVWLjDBiF4gmGGOdZ2NbDCnq4VK3_ApNVrBL2YnPio_ZvTGhhUU-bOyvMRo1-6SQe6RObI4Euqh7xExl8nqeGMaWoXVF2jIl5At6BWrgbfT50Pxmdns1e5QwZV3yMzMPOGFWLsFf1jk-fji5gNDE-U6oC_MrL5oSiyf49qvGbXm53YnqWnMnB09MbwjZQNmcPbf_YgtM9heJ2-n6BZrRx4z2CjrZbxHWavJT07Q2n63mnXvu2JGoXKrkJ23LzsNX0BCwwVZQ&__tn__=-R